Фолкерот Дарко Лазиќ прв пат проговори за деновите кои ги минал во КБЦ Земун, каде лежел повеќе од еден месец, откако на 23 октомври доживеа тешка сообраќајна несреќа на патот кон неговото родно село.
Најтешко ми беше додека лежев на интензивна нега и гледав како луѓето околу мене умираат. Тогаш стравував за својот живот. Во устата ми беше тубус, токму како на луѓето кои не преживеаја. Имавме дури и слични повреди. Само ги гледав, како еден по еден заминуваат – раскажал Дарко за еден од најлошите денови во неговиот живот, за српските медиуми.
Пејачот не се сеќава на моментот кога слетал од патот, но открива дека има трауми поради кои со ноќи, не спиел.
Не се сеќавам на судирот, но после несреќата, имав кошмари. Се сеќавам, една ноќ имав лош сон, се разбудив и искинав и извадив се од мене, тубусот, иглите, ЕКГ каблите. На многу работи не се сеќавам, но лекарите ми даваа силни лекови како би ги издржал болките. Ако, така беше подобро – признал Дарко.
Фолкерот шест дена беше во вештачка кома и за време на престојот во КБЦ Земун, двa пати е опериран. Првиот во операционата сала минал шест часа кога му ја извадиле слезината, а вториот пат оперирана му е ногата.
Не сакам да се присетам на деновите кои ги минав во болница, ме фаќа нервоза. Тогаш паднав психички, баш ми беше тешко – открил пејачот за српските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.