Милан Кесиќ, поранешниот сопруг на Дара Бубамара, без оглед на злобните коментари, ја подржува врската на пејачката со 23 години помладото момче.
Нејзиниот нов избраник постар е од нејзиниот син само 8 години, но тоа не му пречи на нејзиниот поранешен партнер. Дури, додека пејачката ужива на море, сам ја одбележал деветтата годишница од смртта на нејзината мајка, Милица Аџиќ.
Сам ја одбележав годишнината од смртта на нејзината мајка, бидејќи Дара е на Малдивите – изјваил Милан за српските медиуми.
Тој го одобрува изборот на партнер на поранешната сопруга.
Не ми пречи што пишуваат дека е со 23 години помладо момче. Подобро со помлад, отколку со старец. И посакувам да биде среќна и да ужива. Го подржувам секој нејзин избор – рекол Милан.
Инаку Милан рекол дека го чува синот Коста додека пејачката е на одмор и дека не му е тешко, туку дека ужива со синот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.