Пред десетина дена се пофали дека во нејзината куќа се всели нејзиниот помлад дечко, гинекологот Вања Милошевиќ, а сега пејачката Снежана Ѓуришиќ е во центарот на вниманието на српските медиуми откако „Скандал“ објави дека нејзиниот партнер тајно се допишува со 28- годишна девојка на Фејсбук.

Како што пренесува магазинот, девојката приложила нивна преписка, а тврди дека гинекологот барал од неа да му испрати фотографии со експлицитна содржина.

Сите фотографии ти се убави, убаво ти е и името и презимето, прати ми нешто посекси од тебе. Полесно ми е да се слушаме, еве ти го мојот број, јас Фејсбук отворив поради некои другари од војска, а ми се наполни со девојки – ѝ напишал Вања на девојката, која го прашала за врската со Снежана Ѓуришиќ која што тој ја демантирал и рекол дека е среќно разведен и сингл.

Инаку, Снежана и Вања се во врска две години, а од пред десетина дена тој се всели во нејзината вила и го вози нејзиниот автомобил.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.