Емина Јаховиќ се смири со турскиот милионер Садетин Саран. Таа тоа го потврди по прв пат за турските медиуми откако тргна приказната за нивната разделба.
Емина, новинарите ја здогледале во трговски центар, каде шетала по спротските продавнции. Тие и пришле додека шетала, па пејачката им се обратила:
Одам на скијање со децата, па купив некои работи кои ми се неопходни за пат- изјавила пејачката, а на прашањето дали се смирила со Садетин, одговорила:
Да. Јас главно не зборувам за овие работи во медиумите, но вие сте така слатки, па ќе ви кажам. Еве прв и последен пат ќе ви кажам, среќна сум. Многу сум среќна – изјавила Емина.
Во медиумите кон крајот на декември се појави веста дека парот раскинал. Бизнисменот наводно со Емина имал сериозни намери, но го повредило тоа што таа изјавила дека нема да се мажи и дека синовите и кариерата и се на прво место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.