Снимањето на филмот „Матрикс 4“ во Германија ја прошири опасноста од коронавирус. Кијану Ривс, кој е главен актер, е на удар, а властите во Берлин започнаа истрага за ова.

За време на снимањето на овој филм во студиото Бабелсберг во Потсдам, дел од Берлин, се одржа голема забава со повеќе од 200 гости. Тоа се случи среде пандемија на коронавирус, при што Ангела Меркел ги повика Германците да не присуствуваат на масовни настани.

Продукцијата тврди дека станува збор за снимање на одредени сцени, меѓутоа, германските медиуми наведуваат дека всушност станува збор за прослава која била камуфлирана на снимањето. Германските медиуми наведуваат дека настапиле диџеи, се користеле пиротехнички средства, се служеле храна и пијалоци, а биле поставени и штандови за тетоважи.

Патем, забраната за организирање настани со повеќе од 50 учесници е на сила во Берлин, со претходна регистрација. Во настанот учествуваа и Кијану Ривс, неговата девојка Александра Грант и режисерите Лана и Лили Ваховски.

„Сите беа расположени. Претходно, сите беа подложени на брз тест за корона. Секој мораше да дојде со маска, но многумина не ги носеа подоцна“, изјавија учесниците на партијата за германските медиуми.

Продукцијата тврди дека станува збор за снимка, а портпаролот на студијата за Бабелсберг, Бјанка Макаревиќ, за германските медиуми изјави дека се почитуваат сите епидемиолошки мерки. Градските власти на Берлин не добија пријава за кршење на мерките, но по извештаите во медиумите, тие изјавија дека ќе започнат истрага, пренесува Спутник.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.