Лејди Гага, сепак, не е девојката со која Бредли Купер е во врска по раскинот со Ирина Шајк. Како што пишува американскиот портал „Селебрити хаш“, Гага била само параван за вистинската нова љубов на актерот. Наводно, 44-годишниот Купер е во тајна врска со Џенифер Гарнер (47).
Aктерката, наводно, во неколку пати била забележана како влегува и излегува од неговата кужа во Лос Анџелес.
На почетокот на август Џенифер е уловена како оди на таен состанок со Бредли, а нивната врска цвета од ден во ден, вели изворот на „Селебрити хаш“.
Она што е веќе познато е дека актерите се блиски пријатели уште од времето кога заедно глумеа во серијата „Алијас“.
Актерката е пораншна сопруга на Бен Афлек, со кого се раздели минатата година по 13 години брак. Тие имаат три деца – 13-годишната Вајолет, 10-годишната Серафин и синот Сем (7). Купер, пак, со Шајк беше во врска четири години, а во март 2017 година ја добија ќеркичката Леа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.