Александар Фута Радуловиќ лут е на синот Лача, затоа што од погребот на сопругата Марина Туцаковиќ(67) ги избркал Цеца Ражнатовиќ и Саша Матиќ.

Фута побеснел кога дознал дека последното испраќање на авторката на најголемите музички хитови го обележи невиден скандал. Имено, нивниот син Милан Лача Радуловиќ од гробот ги избркал Цеца, Саша, како и водителот Милан Калиниќ.

Имајте разбирање, вие тројца немојте да приоѓате на гробот, а останатите можат- им рекол Лача на пејачите и актерот, без консултација со татко му. Тие после тоа се завртеле и заминале од погребот. Според пишувањето на медиумите, мажот на Марина лично ги повикал Цеца и Матиќ на погребот.

Цеца и Саша се слушнале со Фута и се договориле да бидат меѓу 40 луѓе на погребот. Им рекол дека од срце се добредојдени да се простат од пријателката и соработничка. Од болка и тага не ни забележал дека нешто необично се случува на погребот, ниту пак слушнал дека Лача ги избркал. Му било чудно тоа што заминале без поздрав, ама не се занимавал премногу со тоа, бидејќи имал своја мака – раскажал извор за српски Курир и додал дека Фута се шокирал кога од медиумите дознал за скандалот.

Не можел да верува дека Лача ги избркал луѓето на кои тој им рекол дека се добредојдени на погреб. Посебно му е криво што тој инцидент го засенил испраќањето на Марина. Се надевал дека тој ден ќе помине мирно и достоинствено, како што таа заслужила. Се налутил на Лача што така се понел кон Цеца и Саша, кои секогаш биле тука додека Марина со години се бореше со ракот.

И додека естрадата не сака да зборува за овој инцидент поради почит кон Марина, Лача се закани дека сите ќе ги раскринка кога ќе поминат 40 дена.

Ветив дека нема да се огласувам некое време. Наредните 40 дена сум во жалост, а кога ќе помине тоа време, ќе проговорам. Тогаш се ќе кажам за сите- порача Лача.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.