Откриена е причината поради која „Нови Фосили“ го откажаа својот настап на овогодинешниот Пивофест во Прилеп. Како што пишуваат хрватските медиуми фронтменот на групата „Нови Фосили“, Рајко Дујмиќ е уапсен во Загреб под сомневање дека ја претепал сопругата. Според натписите тој се наоѓа во притвор откако сопругата Снежана го пријавила дека физички ја нападнал, а неговото насилничко однесување веќе и било познато на полицијата. Тој имал ориблеми со алкохолот.

Тој е лидер на групата „Нови Фосили“ која беше популарна во осумдесеттите години во поранешна Југославија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.