Додека неговиот постар брат Силвестер Сталоне е една од најпознатите sвезда на холивудската А-листа, Френк Сталоне вели дека никогаш не почувствувал дека е во неговата сенка.

Самиот Френк (70) направи добра кариера за себе како музичар и актер, што е тема на новиот документарец „Stallone: Frank, That Is“, кој ќе го има своето прво прикажување на 19 јануари.

Во рамки на промоцијата на новиот филм, Френк разговараше со „Пејџ сикс“, каде што јасно стави до знаење дека никогаш не му љубоморел на својот брат.

Никогаш не сум бил љубоморен. Никогаш не се чувствував како да сум во сенка. Мислам дека другите луѓе мислеа дека сум во негова сенка – вели Френк за односот кон својот брат.

Документарниот филм, во кој се појавуваат Силвестер Сталоне, Арнолд Шварценегер, Били ди Вилијамс и други, е поглед одвнатре во животот, кариерата и преживувањето на најнепознатиот, а сепак славен забавувач во Холивуд, коментираат медиумите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.