Гостувањето на Аца Лукас е топ тема од викендот. Главно се зборува за демолирањето на ВИП арената во СРЦ „Борис Трајковски“, но и дека неговиот концерт го означил почетокот на новогодишната треска во Скопје.

Но, фолкерката Сани се погрижи македонските фолкери да не бидат целосно засенети од колегите од Србија.

По концерот утредента забавата со Аца Лукас продолжи во еден скопски ресторан, каде што Лукас славеше со своите соработници, колеги, пријатели. За добрата музика и песна беше задолжена фолкерата Сани, која успеа да му влезе под кожа на српскиот фолкер-рокер.

Овој момент македонската фолкерка го овековечи со видеа кои ги сподели на „Фејсбук“, а како изгледаше атмосферата погледнете тука.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.