Фолкерката Сања Цинцева-Барбика деновиве го сними видеото за темата која сè уште нема работен наслов, а е авторско дело на Дејан Момировски и Борче Нечовски.
Барбика сподели неколку фотографии на социјалните мрежи од снимањето на видеото, а на нив може да се види дека има нов имиџ и изгледа поразлично од било кога, но сексапилот и овојпат е нејзин заштитен знак.
За изгледот и новата трансформација била задолжени Даниел Николовски и Викторија Бурсак Петров.
Спотот, пак, е снимен во Скопје, а зад режисерската палка стои Дарио Јанковиќ.
Инаку, новата тема е дуетска со Џамбо Агушев и неговиот оркестар, а кралот на трубата за прв пат го гледаме во улога на рапер.
Тимот на Сања најавува големо изненадување, а истото очекувајте го наскоро.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.