Ѓорѓе Давид смета дека и рокерите можат да имаат семеен живот, па го нападна Дарко Лазиќ. Музичарот објаснува дека сексот, дрогата, алкохолот и проституцијата одат заено со турбо фолкот.

Денес имате ѕвезди од ријалити кои пеат врз основа на спуштањето на најниските морални гранки. Денес рокерите се најобразовани, најчисти во духовна и морална смисла. Колку што има дрога денес меѓу фолкерите, немало никогаш меѓу рокерите, дури ни во времето на бивша Југославија, вели Давид и го посочува Дарко Лазиќ.

Дарко е уништен од сè и сешто, направи судир каков што направи. Дали е казнет според законот? Дали одговараше за тоа што го направи? Ако некој како Дарко направи такво нешто какво што направи и помине неказнето, младите ќе мислат дека можат така исто да се однесуваат и да поминат неказнето. Некои фолкери јавно се декларираат како педофили и нокој не ги чепка, како Ера Ојданиќ, на пример. Што ќе правиме со тоа? Во рокот никогаш немало такви примери, барем во Србија.


Извор: Курир.рс



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.