Минатата недела балканската сцена остана во шок откако една од најголемите музички ѕвезди, Северина се соочи со тешка судска одлука, да остане привремено без старателство над својот син.
Некои од наводите на пресудата се дека причини за одземање на старателството на Северина биле непочитување на судот, занемарување на обврските кон детето и секако, одбивање на соработка со биолошкиот татко, што очигледно одиграло огромна улога во тоа на кого ќе припадне малиот Александар.
Како што пишува српски „Курир“, таа била должна да го зема детето од училиште, но честопати доаѓал нејзиниот сопруг Игор Којиќ, иако не бил на таканаречената пик-ап листа на луѓе кои можат да го земат детето. Наводно, тој откако еден ден не успеал да го земе Александар, го наговарал да побегне од училиште. Ова веднаш го дознал Поповиќ, кој интервенирал со полиција.
Од друга страна пак, Северина испратила мејл дека самата нема да може да дојде и дека наместо неа, детето ќе го земе Игор. Не се знае дали оваа порака била игнорирана или воопшто не била прочитана. Случајот се обидела да го реши во разговор со Поповиќ, но тој не соработувал.
Исто така, пејачката имала забелешка што ниеден доказ против Поповиќ не се зема предвид во судскиот процес, туку само оние против неа, а и тврдела дека тој манипулира со нивниот син. Уште повеќе ја повредило тоа што Милан се сетил на синот дури кога Северина го запознала Игор, а претходно воопшто не го интересирало што се случува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.