Во саботата заврши 64-то издание на Избор на песна на Евровизија, на која победи Холандија. Тамара Тодевска со песната „Proud“ не претставуваше на овогодинешното издание, a според првичните резултати Македонија заврши на втората позиција според гласовите од жирито, а Шведска триумфираше.

Меѓутоа, само неколку дена по финалето, Европска радиотелевизиска унија потврди грешка во гласањето на белоруското жири.

По промената на гласовите на жирито, Македонија и нашата претставничка Тамара Тодевска се најдоа на прво место според гласовите на жирито и според гласовите на публиката на седмо место.

Нашата претставничка се огласи на социјалните мрежи и истакна дека е пресреќна, но се и заблагодари на целата поддршка.

Исто така на својот Твитер профил, Тамара на шведскиот претставник му порача

Двајцата сме победници, вие бевте фантастични.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.