Почина Јасмин Хасиќ, поранешен финалист во „Ѕвездите на Гранд“.
Талентираниот пејач имаше само 36 години. Неодамна му бил откриен тумор на бубрезите поради кој пред три недели бил опериран во Турција, но по зафатот не успеал да се се избори со опаката болест, информираат српските медиуми.
Тажната вест ја потресе естрадата. Многу познати личности се огласија на социјалните мрежи, а меѓу нив и Лејла Захировиќ.
Останав без зборови, ништо не може да ги намали болката и тагата.. Разочарување! Ова е огромна загуба, голем човек, пејачиште, прекрасен сопруг и татко.. Засекогаш ќе те сакам, брату мој – напиша таа.
Тагата и болката се големи, примете мое искрено сочуство, Бог нека ви даде сила, е една од пораките.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.