Фолк ѕвездата Светлана Ражнатовиќ Цеца е позитивна на новиот коронавирус, кој најверојатно го добила од нејзиниот фризер Стеван Радивоевиќ, пишуваат српските медиуми. Дека е заразен Стеван дознал во вторникот, по што на тестирање веднаш замина голем дел од естрадата.

Покрај Цеца, заразен е и нејзиниот син Вељко, додека првиот тест на ќерката Анастасија беше негативен, иако и таа беше во посета на фризерскиот салон.

Цеца на 3 јуни во вилата на Дедиње организираше прослава за раѓањето на првиот внук, Жељко Ражнатовиќ, на која, како што подоцна било утврдено, се проширил коронавирусот.  На забавата присуствуваа многу колеги на Цеца и пријатели на семејството, меѓу кои и Жељко и Јована Јоксимовиќ, Александра Пријовиќ, Ацо Пејовиќ…

Следниот ден прослава организитаа родителите на Богдана, па целото семејство се веселеше и во Тител.

Како што соопштија надлежните, следува масовно тестирање на сите присутни на забавата, како и контактите кои Цеца и Вељко ги имале во последните две недели.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.