Откако раскина со турскиот милионер Садетин Саран, пејачката Емина Јаховиќ не се огласува во јавноста во врска со нејзиниот љубовен живот.
Сепак, има новости на тоа поле, а како што пишува „Информер“, Емина веќе еден месец е во љубовна врска со програмерот Рон Гурчај.
Како што се наведува магазинот, турските папараци ја фотографирале пејачката во ресторан со новиот избраник.
Емина и Рон не се подготвени да се појават во јавноста, па затоа сè уште се кријат од сите. Тие честопати седат во еден ресторан во близина на нејзиниот дом и изгледаат вљубени. Рон доаѓа во нејзината куќа, а ги запозна и нејзините синови, Јаман и Јавуз. Рон, за разлика од претходните момчиња, не е милионер, но заработува сосема солидно. Тој живее во еден град во Турција, но во последно време сѐ почесто доаѓа во Истанбул – вели неименуван извор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.