Една од најславните топ-модели на светот, Емили Ратајковски, која неодамна објави дека чека бебе, излезе на улиците на Лос Анџелес во трендовско издание во кое привлече внимание.

Атрактивната 29-годишна Емили, изгледа беспрекорно дури и кога е во лежерно издание. Таа гордо го покажа своето трудничко стомаче во краток фустан со небесна боја кој го спои со трендовски бели патики.

Очилата за сонце и едноставната фризура го комплетираа изгледот на убава трудница за која сите се согласуваат дека едноставно блеска во бременоста.

Ратајковски ја објави веста за нејзината бременост во модната библија „Вог“, при што откри дека таа и нејзиниот сопруг не планираат да го откријат полот на детето бидејќи, како што објаснува, сакаат да го почитуваат неговиот избор и самото да одбере кога ќе биде доволно возрасно.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.