Македонската фолк ѕвезда Елена Велевска беше на голема американска турнеја низ САД, каде речиси еден месец настапуваше во многу градови низ „ветената земја“. Пеејќи им на нашите иселеници, кои како што е познато ги има во голем број токму во прекуокеанските земји, пејачката не престана да се интересира и да ги следи настаните и во родната Mакедонија.

Така, Елена затечена од настаните во Македонското собрание и изгласувањето на таканаречениот „Преспански договор“ од страна на пратениците на владеачката партија и нивните коалициони приврзоци, како и одметнатите „опзозиционери“, не можеше а да не остане без свој коментар.

Погодена од „тажната сурова реалност“, Велевска како јавна личност почувствува потреба најпрвин кусо да го прокоментира „капитулантскиот чин“ со библиската порака на Исус, пред да го разапнат на светиот крст: „Господе прости им, не знаат што прават“ – постирајќи една од своите песни со стихови со патриотска содржина, насловена „Македонијо, мајко страдалнице“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.