Минатата и оваа година на фолк-пејачката Елена Велевска и поминаа работно со многу настапи, но и турбулентно, со многу пресвртници во нејзиниот приватен живот.

Никогаш не сакам јавно да зборувам за тоа колку имам, што имам, примитивно ми е. Живееме во земја во која просечна плата е 200 евра и повеќе од безобразно е јас или кој било да се расфрла со сума на пари и да биде трн во око. Јас сето ова што го имам, го имам заработено, мојата кариера трае повеќе од 20 години.

Не сум опседната со тоа што го носам дека мора да е бренд. Носам парчиња гардероба од брендови кои се достапни за сите. Еден од најголемите животени успееси е од она кое што сакате да го работите да знаете пари да направите и да можете да живеете нормално, пристојно. Се исплати доколу вложуваш, јас во мојата кариера многу вложувам и тоа ми се враќа, мојата публика го препознава тоа, вели Велевска.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.