Фолк-пејачката Елена Велевска, сепак, не се разведува од сопругот Маријан. Таа од охридските плажи преку естрадниот тв-магазин „Бекстејџ“ порача дека времето ќе ја покаже вистината.

Прочитав сешто за мене и не сакам многу да коментирам. Времето ќе ја покаже вистината. Не се разведувам и немам никакво ново момче. Бевме еднаш фамилијарно на одмор, во јуни, тука беше и Маријан. Сега ќе одиме пак од 14 август, да се одмориме малку со децата, изјави Велевска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.