Пејачката Елена Ристеска во едно интервју откри дека во моментов и сингл и призна дека не сака по секоја цена да биде со било кого само за да има партнер.
Пред една година решив дека сакам да бидам сама. Секој човек во животот мора да го направи тоа, да помине извесен период сам за да сфати што сака. Верувам во љубов, но досега не запознав таков кој е вреден за моето внимание и време. По природа сум многу лојална и тоа го барам и за возврат. Не сакам да трошам време на луѓе кои ја немаат таа карактеристика, сакам чесност, посветеност… а тие вредности како да се изгубени во денешно време, откри пејачката која неодамна ја промовираше својата козметичка линија, а наскоро ќе ги изненади фановите и со два нови дуети, од кои едниот е на српски јазик, а другиот на англиски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.