Емотивната исповед на пејачката Елена Ристеска која што беше емитувана во вчерашното издание на „Бекстејџ“ предизвика лавина од коментари и реакции. Во него пејачката со солзи во очите зборуваше за предвременото раѓање на внуката Дефлина и ризичнара бременост на сестра и, се потсети на последните денови со својот татко кој за неа бил и ќе остане херој, но прозборе и за односот со поранешниот сопруг Бојан со кого се разведе пред три години, а само еден ден по потпишувањето на документите за развод, тој објави дека повторно ќе се жени, но и дека ќе стане татко.

Приказната со Бојан одамна е завршена, но медиумите константно ме навраќаат на истата. Ние не се разделивме скандалозно, едноставно, се отселив од таму и тоа е се! На Бојан му посакувам се најубаво, сакам да е среќен, нашата љубов за жал заврши така како што заврши, но и двајцата продолживме со животите и тоа е се, откри Ристеска во интервјуто.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.