Поп-пејачката Елена Ристеска објави фотографија на Инстагарм на која е без шминка. Таа напиша и текст под фотографијата во која раскажа за своите несовршености.

Утрово се разбудив ваква. И имам широк нос, црвенило, акни, подочници, имам кратки трепки, несовршени веѓи и уште многу несовршености. И да, не сум совршена. А кому му е битно? Се сакам себеси, како и да е“, вели Елена.

И додава:

Не се гледа на фотката, но не сум доволно висока и не сум доволно слаба. Доволно? Според она што општеството го одредува дека е доволно. Па, немојте никогаш да дозволите некому да направи да се сомневате во себеси. Секогаш чекајте го оној кој ќе ги обожава вашите несовршености, напиша Ристеска.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.