Неодамна во Врњачка Бања во Србија беше доделена наградата за “Дама на годината“ во регионот, за постигнување, работа и креативност.
Македонската поп пејачка Елена Ристеска со добиената награда се пофали на својот Инстаграм профил на кој сподели фотографија и напиша:
Благодарам за наградата “Дама на годината” за регионот- за работа, придонес и креативност. Иако повеќе ми значеа коментарите на луѓето за мојата работа и глас, чест ми беше вечерва да бидам помеѓу сите овие успешни и хумани дами. После 17 години во музиката и пред прагот на еден сосема нов бизнис-основање на мој бренд за козметика, наградата ќе ја сметам за поттик за уште поголема борбеност во овој “машки” свет, како самостојна и независна жена“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.