Елена Ристеска, која во изминатите години се соочи со неколку тешки животни предизвици, како загубата на родителот и разводот, реши со своите обожаватели да сподели една мисла од многуте мудрости на Платон, со која им порача дека треба да се сакаат себеси.
Преголемата слобода не е ништо друго освен преголемо ропство. А мудриот апостол Павле, кој им е познат на сите и кој ја покрстил цела Европа, поминал дури и на територијата на нашата Татковина, вели дека се ни е позволено но не ни е се од полза.
Колку мудро кажано! Значи треба да имаме самоконтрола. Верата ги прифаќа сите, а Бог посебно ги милува грешниците, ги љуби, го сака нивното поправање. Затоа, несфатливо е исмевањето со светите нешта и со светците, сквернавењето на ликот Божји во човекот, бидејќи тоа не претставува слобода, туку повредување на нечии чувства.Симболите на верата го симболизираат нашето раѓање, нашиот живот и смртта. Ништо не ве чини да ширите љубов, да ширите позитивна енергија и да се молите.
Сакајте се себе си, сакајте си ја верата, оти таа ве сака вас. Бог е со нас, во нас и секогаш со сите. Бог никого не остава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.