На денешен ден пред една година не напушти Влатко Илиевски. Тешко се прифаќа фактот дека повеќе го нема, особено кога на радио или ТВ во спомен ќе ги слушнеме и погледнеме неговите песни и спотови. Рапавиот глас кој веднаш ни ѕвони во ушите и не потсетува на ужасната вистина дека Влатче повеќе го нема.
Непосредно по неговата смрт се појави спотот на песната „До крајот“ кој е снимен пред две години, а Влатко ја чувал за некое друго време. Во продолжение, преку фотографии од социјалните мрежи се потсетуваме на Влатче и се она што тој го сакаше…
Па така, многу ги сакаше уметничките слики со кловнови, а такви имаше и во својот дом.
Влатко беше колекционер на плочи за кои издвојуваше доста.
Во срцето му беа и автомобилите олдтајмери, а особено од марката Мерцедес.
Преземено од Убавина и здравје
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.