Турската воена драма „Wounded love“ или „Vatanim Sensin“ е првата серија по „1001 ноќ“ откако брачната двојка Халит Ергенч и Бергузар Корел снимаа заедно. Сега во оваа воена драма тие повторно се двојка и на филмското платно.
За приказната како повотрно им се случи да бидат на ист проект, раскажаа во едно видео интервју.
Халит вели дека тој бил прв ангажиран, додека Бергузар не била планирана да биде дел од филмот, а дури не сакала да го прочита сценариото.
Тој го имаше сценариото, а сите почнаа да ми викаат да го прифатам проектот, но јас бев уморна поради „Карадај“. Постојано ми викаа, „Дали ја прочита приканзата, направи го тоа за Халит, сакаме да го знаеме твоето мислење?“ Јас кажав, во ред, па тие продолжија „Има карактер Азизе, таа е ти“, но јас не сакав да прочитам. Сценариото беше на масата во нашата кујна и стоеше еден месец таму бидејќи Халит го читаше, но не додржав и почнав и јас да го читам. Веднаш побарав да ја читам и втората епизода и се заљубив во Азизе. Таа е комплетно различна, вели Бергузар, а пак нејзиниот сопруг Халит кој го игра ликот на Џевдет вели дека бил освоен на прво читање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.