Британската поп-ѕвезда Ед Ширан, на тајна свеченост на која не биле повикани ни неговите најблиски меѓу многубројните славни пријатели, се оженил со својата љубов од детството, Шери Сиборн, објави „Сан“.

Венчавката на Ширан (28) се случила, наводно, непосредно пред Божиќ.

Ед се ожени само неколку дена пред Божиќ. И, беше доста тивко. Само најблиските школски пријатели на Ед, семејствата и свештеник, изјави неименуван извор за таблоидот.

Според изворот, Ширан сакал тоа да биде една мала зимска свадба, нешто само за нив.

Имаше 40 луѓе, без Тејлор Свифт, издавачки куќи, членови на кралското семејство или славни пријатели, додаде изворот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.