Поранешната ѕвезда на „Каналот Дизни“, пејачката и актерка Бела Торн, објави дека ќе биде дел од интернет страницата за возрасни „Онли фанс“ (OnlyFans).
Видеото од нејзината објава на Инстаграм во многу брзо време доби 1,5 милиони прегледи и предизвика привремено паѓање на сајтот „Онли фанс“.
За 20 долари месечно, фановите може да добиат пристап до профилот на Торн каде што има видеа од актерката, нејзини фотографии и поинтимен пристап до ѕвездата.
Од креирањето на својот профил на 18 август, Торн има објавено 28 посотви, 17 фотографии и четири видеа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.