Во конкуренција од 16 изведувачи од Македонија, Србија и Босна и Херцеговина,победник на 13. издание на „Ѕвездите на Гранд“ победник е Џејла Рамовиќ со вкупно 334 бодови. Џејла се претстави со песните „Има један свејт“, а следната песна беше „Ни смо смели“.
Кумановецот Мартинијан Кириловски освои 5то место според вкупниот број гласови.
Македонските колешки кои синоќа гласаа од страна на жири комисијата на Македонците им ги доделија пониските поени, освен Елена Ристеска која своето право на глас го искористи и највисоките поени да им ги додели токму ним. Дванаесет поени му додели на Мартинијан. Калиопи 12 бодови и даде на Џејла Рамовиќ.
Кириловски ги пееше „Остала си увек иста“ и „Време да се растаје“, освои вкупно 228 бодови, од кои 95 од публиката што се 14.145 смс гласови, додека од жири комисијата освои 133 поени.
Филип Пецовски беше најголем фраер во шоуто, тој синоќа ја изведе „Волим осмех твој“ и „Ла Мајами“ со прекрасен танц.
Огнен Здравковски се претстави со Остала си увек иста и „Гори ватра“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.