Поп дивата Џенифер Лопез и легендарниот бејзбол играч, Алекс Родригез, ги потврдија гласините за раскинувањето пред повеќе од една недела.
Тие биле во врска од 2017-та, а во 2019-та година се вериле. Меѓутоа, папараците успеале да ги фотографираат на романтична вечера.
Парот повторно е виден на вечера во хотелот „Бел Ер“ во Лос Анџелес, дознава порталот „Пејџ Сикс“.
„Изгледаа како уште да се сакаат и да се почитуваат“, рекол извор за споменатиот медиум.
Она што е посебно интересно е дека Џенифер и Алекс во истиот хотел излегле на својот прв состанок во 2017-та година.
„Не знам дали Алекс воопшто знаеше дека тоа е состанок. Знаев дека е многу нервозен, бидејќи ме праша дали сакам пијалок. Му реков дека не пијам, но него го интересираше дали би ми пречело ако тој испие еден. Ми беше слатко тоа што беше толку возбуден“, раскажала пејачката за „Венти Фер“ таа година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.