Латино дивата Џенифер Лопез е дефинитивно некој кој успева да не убеди дека годините се само бројка.

На Џенифер по младешкиот изглед би и позавиделе и полумладите колешки. Малкумина би поверувале на фактот дека популарната пејачка и актерка има 52 години.

Сепак, за таквиот изглед потребен е многу напор, а латино дивата открива дека покрај диетата и редовното вежбање се откажала и од работите што ги сака.

Кофеин

Многу луѓе не можат да замислат ден без шолја кафе, но Џенифер не е меѓу нив. Иако порано сакала да пие кафе и да ужива во неговиот вкус, Џенифер се откажала од ова задоволство заради убавината.

Не пушам, ниту пијам кафе. Целосно ја уништува кожата. Најмногу јадам зеленчук, брокула и кељ – вели Лопез

Недостаток на сон

Познато е дека сонот е многу важен за изгледот и здравјето на кожата. Свесна за тоа, Џенифер спие најмалку седум часа, а, како што вели, се води од слоганот „добриот сон е половина од здравјето“.

Алкохол

Со консумирање алкохол, кожата дехидрира и престанува да произведува колаген до степен неопходен за убав изглед.

Ако сакате здрава кожа, затегнато тело и убав изглед во педесеттите, можеби ќе треба да се откажете од алкохолот, исто како Џенифер. Резултатите најверојатно ќе ви покажат дека ова не е толку лоша одлука.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.