Џеј Рамадановски во вечното почивалиште беше испратен од бројни колеги, меѓу кои и Злата Петровиќ, која открила дека се уште не може да закрепне од се, како и дека со Џеј раговарала само 10 дена пред да почине.

После погребот седев со неговите ќерки и повторно почнав да плачам. Им кажав дека Џеј ми се јави 10 дена пред смртта и ми пееше. А не се слушавме постојано, ама веројатно така било наместено. Како Бог да сакаше така, како да сакаше со песна да се прости од мене. Го немаше она: Кај си Злато, како си?Штом му кренав, почна да пее и кога го прашав: Љубов, дали си добро, дали твоите се добро?, тој не ми ни одговори, туку го пееше своето. После половина час ми се јави Андријана и ми рече: Извини Злајка, те молам, а јас на тоа и реков: Ма што ми се извинувш, тој е моја љубов, мое срце, уживав. Ми бараа телефон од Хасан Дудиќ, нешто им требаше. Можеше тој да го најде и кај некој друг, ама ме повика мене за да ми пее, како да сакаше да се прости – открила Злата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.