Игор Џамбазов се бори со настинка непосредно пред спектакуларниот концерт со Нокаут закажан за утре, на 26-ти декември во 21 часот во наменски подготвената просторија во Скопје Мериот хотел.

Настинка пред концерт…чичко Марфи се јави – напиша Џамбазов под видеото објавено на Инстаграм.

Инаку, концертот покрај тоа што претставува уникатен предновогодишен настан, исто така е можност за сите љубители на музиката на Нокаут да бидат дел од снимањето на новиот акустичен албум во живо.Специјален гостин на концертот ќе биде Гуру Харе. Заедно, тие ќе се обидат да ве однесат на едно романтично патување во кое сите присутни ќе станат дел од историјата на бендот. Овој ексклузивен настан ќе се преточи во една магична вечер во која сите присутни ќе уживаат во романтичните музички ноти и во акустичниот звук кој гарантира незаборавни спомени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.