-Е што сега, требаше да се вљубам во некоја од мојата генерација? Ама сепак, промените кај мене јас си ги започнав
многу сериозно уште пред три години и скоро три месеци, кога за последен пат му кажав одлучно НЕ на алкохолот. Потоа дојдоа на ред и цигарите. Од најстрасен пушач, па бар ти ме знаеш, 2- 3 кутии на ден, завршив на неколку
цигарчиња квалитетен тутун што си ги виткам со задоволство. Лани, во периодот пред да се појави Илина, јас пиев еден многу јак детокс напиток, со кој почнаа и промените во мојата исхрана, а најмногу за промената е заслужна
физичката активност од секаков вид: пешачење, благо трчање, понекогаш теретана, сега почесто возење велосипед…и резултатите се видливи, тоа сите го потврдуваат…25 килограми за неполна година… без диети и измачувања… – вака Игор Џамбазов гледа на коментарот дека се подмлади покрај неговата девојка познатата алпинистка и уметница Илина Арсова.

Во неговото последно интервју за порталот „ММС.мк“ прашан дали ќе се случи прстен и дали фановите може да очекуваат свадба, македонскиот актер и шоумен вели:

„Мојата Илина е само доказ дека човек никогаш не смее да се откаже од мисијата да ја најде својата сродна душа. Дури и да престанете да ја барате, дури и да се откажете од помислата дека таа постои некаде на планетава, ќе се појави. Кога-тогаш“.

Џамбазов, меѓу другото, вели и дека не се гледа во иднина како сопруг кој живее во Сретеново.

„Ни таа, право да ти кажам, не се гледа во улога на посветена сопруга и домаќинка. Ние двајцата сме номади“, вели тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.