Влатко Стефановски (61) во период од само една година се соочи со две, како што самиот вели, за него необјасниви семејни трагедии. По загубата на сопругата Гордана, минатиот месец по кратко боледување почина и неговиот брат, еден од најзначајните македонски драматурзи Горан Стефановски.

Легендарниот македонски гитарист, како и многупати досега, утеха најде во музиката. Ова го открива за хрватското издание на магазинот „Глорија“ во пресрет на вечерашниот концерт во Загреб.

За „Глорија“, Влатко нагласува дека мора да остане силен поради децата – ќерката Ана (30) која во Падова заврши докторски студии по италијански јазик и книжевност и синот Јан (18), кој годинава матурираше.

Смртта не неговиот брат го затекна на турнеја во Австралија. Оттогаш, Стефановски нема објавено ниту една фотографија или статус на социјалните мрежи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.