Емина Јаховиќ и турскиот бизнисмен Садетин Саран, кон крајот на декември 2018 година, ракинаа, меѓутоа по се судејќи се уште не го прекинеле секој контакт.
Емина и Садетин се уште се следат на Инстаграм, а пејачката означила дека и се допаѓа најновата фотографија на нејзиниот поранешен избраник.
Овој потег на Емина изненади многумина, а останува да се види дали ќе „падне“ помирување.
Несогласувањата почнале откако Емина дала интервју за српските медиуми каде рекла дека нема намера повеќе да се мажи. Садетин тоа го сфатил како порака на жена која недоволно сака и тоа јасно и го ставил до знаење. Од друга страна, тој е човек кој е приврзан со семејството и градел куќа во која требало заедно да живеат. Тој нив двајцата ги гледал како семејство, но после тие нејзини изјави сфатил дека нивниот однос не го гледаат со исти очи. После расправата која ја воделе пред нејзиното заминување во Милано, таа решила да го прекине секој контакт со него-рекол после раскинувањето извор упатен во целата приказна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.