Една српска обложувалница нуди опклади за тоа дали пејачката Јелена Карлеуша и дефанзивецот на кинескиот Гвангжу РФ, Душко Тошиќ ќе покренат бракоразводна парница. Според букмејкерите на чии листи за обложување стигна наводниот развод после порно аферата, најизвесно е дека тоа ќе се случи во наредните шест месеци.
Карлеуша и Тошиќ во моментов не сакаат развод, но извор близок на парот тврди дека во прашање е договор.
Карлеуша отиде во Кина да го прослави роденденот на Душко, но тоа е само маска за јавноста. Тие двајца се договорија да останат заедно, барем засега, додека целата аферата со Огњен не стивне. Претходно Јелена била хистерична пред него, се заканувала дека ќе се самоубие, па после тоа слабо комуницирале, но пред децата се правеле дека се е во ред- заклучил изворот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.