Душко Тошиќ дефинитивно одлучил да отесели од вилата во луксузната белградска населба Дедиње, каде во моментот живее со неговата сопруга Јелена Карлеуша и нивните ќерки Атина и Ника. Како што пишувааат српските медиуми, фудбалерот купил стан и локал во центарот на Белград, во Врачар, за што платил повеќе од половина милион евра.
Според изворите на српска „Република“, Тошиќ планира да го започне својот живот како слободен маж до крајот на годината, додека Јелена и нивните ќерки остануваат во вилата на Дедиње, во која официјално се преселија оваа година.
Душко купи стан и деловен простор во нова луксузна зграда во Врачар, која сè уште е во изградба. Деловниот простор има 100 м2, а за него издвои 300.000 евра, додека за станот со иста големина плати 250.000 евра. Тој планира да се исели од вилата во Дедиње, каде моментно живее заедно со Јелена и неговите ќерки. Бидејќи долго време не живееле во брачна заедница, тој решил да започне самостоен живот. Тој крие дека инвестирал во недвижнини буквално од сите, вели добро информиран извор за медиумот.
Душко напорно работи на подготовката на својот нов дом, па тргна во потрага по добар архитект, кој би можел да ги исполни сите свои барања, пишува, пак, српски „Телеграф“.
View this post on Instagram
Планирано е целата зграда да биде изработена од стакло и веќе се шпекулира дека ќе биде најлуксузната во Врачар. Душко често ги посетува изведувачите и се согласува со деталите поврзани со барот, вели изворот.
Ниту пејачката, ниту фудбалерот не се огласија по овие пишувања на медиумите во Србија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.