По трите години професионален ангажман во Кина, српскиот фудбалер Душко Тошиќ и сопруг на Јелена Карлеуша, се враќа во Белград. Српските медиуми пренесуваат дека на Бадник славел со трубачи во црвено-бел дрес, што значи дека потпишал договор со Црвена звезда, каде што по сезона ќе заработува 500.000 евра.
Пресреќен што конечно се врати во Белград. Факт е дека ќе заработува помалку одошто во Кина, но тој го знаеше тоа и не му пречи. Многу му недостасуваа домот и семејството, сепак, тој во Кина беше речиси три години, а сега има и некои други планови. Веројатно наскоро ќе почне со приватен бизнис, но за тоа се’ уште не сака да зборува, открива близок извор на фудбалерот за „Стар“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.