Јелена Карлеуша и фудбалерот Душко Тошиќ наводно западнале во сериозна брачна криза, а неволјите во рајот почнале на настапот на Карлеуша за Нова година.

Имено фудбалерот во телефонот на пејачката пронашол пораки од колегата Огнен Врањеш, после што жестоко се скарале.

Јелена и Душко со заедничка фотографија објавена на социјалните мрежи демантираа дека се разведуваат, а сега фудбалерот кажа и што мисли за се.

Никому не сум зел телефон, ниту некому сум се заканувал. Би замолил одредени новинари да не се обидуваат на сила и на разноразни начини да дојдат до мене. Само им посакувам долг живот на нашите непријатели, да ги доживеат нашите успеси – напишал Душко Тошиќ на Инстаграм.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.