Бракот на Јелена карлеуша и Душко Тоиќ е во сериозна криза, а проблемите во рајот почнале на новогодишниот настап на пејачката, пишува српски Курир. Наводно на поп дивата ѝ пречело што нејзиниот животен сопатник ѝ испратил пијачка на познаничка која седела на соседната маса. Толку многу и пречело тоа што Јелена го прекинала настапот и почнала да се кара со Душко. Јелана отишла на друг настап, а Душко се појавил како ништо да не се случило, но тоа ја прелило капката.

Душко отиде дома и се обиде да ѝ објасни дека работите не се онакви како што ги гледа таа, но џабе, Јелена терала по свое. Тошиќ ѝ го земал телефонот и тогаш се слушил прав рушвајс, раскажал извор блисок на пејачката.

Според изворот, Душко наводно пронашол пораки со кои Јелена флертувала со фудбалерот Огњен Врањеш, со кого Душко, а и таа самата, не е во најдобри односи.

Е тогаш Душко полуде. Сешто ѝ изнарекол, ѝ го одзел телефонот, така што никој да нема контакт со неа. Душко му се јавил и на колегата фудбалер, па и нему му изнакажал сè и сешто. не знам што ќе се случи и како ќе се заврши ова, но мислам дека ќе поднесе документи за развод, тврди изворот на Курир.рс.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.