Додека трае судењето за убиството на Јелена Марјановиќ, а за кое на обвинителната клупа седи Зоран Марјановиќ, продукцијата „Хепи“ му понудила на сопругот на убиената пејачка 50 илјади евра за само еден месец да биде дел од реалното шоу „Парови“.
Од продукцијата му понудиле и посебни услови за време на престојот во вилата, како посебна соба без камери, каде ќе може да има посети од своите адвокати. Исто така, тој би излегувал од вилата на секое закажано снимање.
Според извор на српски „Курир“, Зоран прво махинално ја одбил понудата, но парите го предомислиле.
Од една страна се плаши дека народот повторно ќе го осуди, а од друга страна, тој не заработува многу. Се предомислува постојано, еден ден им вели „не, благодарам“, а веќе другиот прифаќа, вели изворот.
Наводно, неговата конечна одлука ќе се знае до крајот на неделата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.