Поранешниот директор на Агенцијата за спречување перење пари и финансирање тероризам Ване Цветанов преку „Фејсбук“ објави дека во Охрид се сврши со манекенката и некогашна мис, Дунавка Трифуновска.

По објавата пристигнуваат бројни честитки за познатата двојка.

Цветанов сега е претседател на Советот за унапредување и надзор на ревизија, но и претседател на граѓанското здружение „Зелена лупа“, а врската со маркантната Дунавка ја обелодени пред пет месеци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.