Откако вчера претседателoт на Совет за унапредување и надзор на ревизијата и некогашен директор на финансова полиција, Ване Цветанов, преку „Фејсбук“ соопшти дека се разведува од Дунавка Трифуновска, познатата манекенка ја сподели и својата страна на приказната.
Иако „Фејсбук“ за мене не е медиум, како и злоупотребата на моето име на истиот во определени статуси со цел да бидат сензационалистицки е одобрен, моите одлуки се истите што сум ги донела во јуни минатата година.
Истата сум и јас.
Мојата одлука дека минатото не треба да „пушта ларви“ во сегашноста, а ни малку да биде „едно“ со иднината, кога ќе биде испочитуван, тогаш може да гледаме други епизоди.
До тогаш, господинот треба да се посвети на своите обврски, своите функции и своите деца.
Дали тоа ќе го направиме во локален, европски стил или погубно во идејата „како мама каже…“ е личен избор.
Иако носител на јавна функција во овие времиња треба да умее да ги постави своите државнички интереси пред личните.
Тоа е мојот став и денес и вчера и пред една година. Тоа е мој став и во понеделникот кога се видовме пред сведоци на тајна закажана средба од негова страна, на која не бев информирана дека ќе биде присутен!
Јас тајни немам.
Чувам туѓи тајни, тоа го правам маестрално.
Некогаш треба да умееш сам да ги надминеш облаците, за да го имаш сонцето, напиша таа.
Цветанов и Трифуновска ја озаконија својата врска годинава, пред празникот Прочка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.