Британската пејачка со косовско потекло, Дуа Липа, ги повика Албанците од САД на
претстојните претседателски избори да гласаат за кандидатот на демократите Џо Бајден.

Во видео порака на Фејсбук-групата „Албанци Американци за Џо Бајден“ таа порача дека „Бајден бил покрај нив кога Косово се соочило со хуманитарна катастрофа“.

Вашиот глас никогаш не бил толку силен. Џо Бајден беше со нас кога Косово се соочи со човечка катастрофа. Неговата верба и вербата на Камила Харис во демократијата и во меѓународните институции е тоа што денес им е потребно на САД и на целиот свет – вели Дуа Липа на снимката, повикувајќи ги Албанците да бидат дел од промените кои биле толку потребни.

Dua Lipa for Joe Biden and Kamala Harris

Thank you Dua Lipa for joining our Albanian American rally tonight for Joe Biden and using your voice to get out the vote! #VoteBidenHarris #dualipa @dualipa @dukagjinlipa

Gepostet von Albanian Americans for Joe Biden am Donnerstag, 8. Oktober 2020

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.