Најсилната потпора во почетоците на кариерата на Драгана Мирковиќ ѝ била токму таа – Дивна Карлеуша, една од ретките личности кои во името го содржат карактерот – Дивна.

Затоа и пејачката видно потресена се збогува со радиоводителката, на која ќе ѝ остане вечно благодарна за помошта и великодушноста што несебично ѝ ја пружила на почетокот на кариерата.

Длабоко сум потресена од тажната вест дека не напушти една од ретките личности на светот кои со името ја опишале својата личност – Дивна Карлеуша. Одмори се, мила, ќе останеш запаметена како несебична, добра и убава личност, а јас засекогаш ќе ти бидам благодарна за секој момент поминат заедно и за моите први интервјуа кои ти ги правеше убави и лесни. Мое искрено сочувство до Јелена и целото семејство, напишала Драгана Мирковиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.