Непознат маж провалил во куќата на Светлата Ражнатовиќ – Цеца во Кипар и останал во подрумот неколку дена. Кога соседите забележале дека некој се шета наоколу повикале полиција.

Кога полицијата дошла да го приведе, тој прашувал: „Зошто ме апсите, таа е моја жена“.

Оние кои го познаваат за полицијата посветочиле дека се работи за психички нестабилен човек, кој е вљубен во пејачката и се обидува на секој начин да дојде до неа.

Ова не е првпат ваква да се случува нешто слично. Првиот пат кога упадна на имотот беше уапсен и депортиран за Србија. Вториот пат успеаја без полиција да го исфрлат, но повторно се врати, вели извор за српските медиуми.

Сега против него се води кривична постапка за ова дело, а тој стои на ставот дека живее во таа куќа и дека е таен сопруг на пејачката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.