Додека сите на големо зборуваат за порно скандалот во кој главни актери се Јелена Карлеуша и Огњен Врањеш, таа за тие приказни не дава ни пет пари.

Почна да настапува, замина за Дубаи, но од друга страна стравува од поранешниот љубовник Врањеш, за кој смета дека може да и наштети на неа и на нејзините ќерки.Токму затоа по враќањето во Србија решила да ангажира приватно обезбедување.

Како што тврди извор близок до пејачката, неа не и е пријатно да излегува сама од дома и да ги води децата во училиште, бидејќи се плаши за нивната безбедност.

Карлеуша стравува дека Огњен во некој момент би можел да сепојави пред нејзината куќа, поради што таа стравува за безбедноста и реши да ангажира момци кои ќе ја чуваат – рекол извор близок до пејачката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.